МАСОВНИТЕ ПОПЛАВИ ВО ЈАПОНИЈА СО КАТАСТРОФАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ!

Поројните дождови што го зафатија југозападниот дел на Јапонија предизвикаа масовни поплави и лизгање на земјиштето. Бројот на жртвите достигна 88, додека над 50  лица се водат за исчезнати. Бројката се очекува рапидно да расте, оти голем дел од населението е заглавено во своите домови, а теренот непристапен. Поплавите предизвикаа големи свлечишта на земјиштето уништувајќи голем број на домови и раселија десетици илјади жители.

Од поплавите кои започнаа од четвртокот, 38 лица загинаа во Хирошима, 21 во Ехиме и 13 во Окајама. Другите жртви се од Јамагучи, Киото, Гифу, Шига, Хјого, Кочи, Фукуока и Кагошима.

Во Окајама, една од најтешко погодените области, повеќе од  1.000 луѓе беа привремено заглавени на покривите од зградите, зафатени од поплави по избивањето на три насипи на блиската река Ода. Повеќето од нив беа спасени од чамци или хеликоптери.

Операцијата за спасување и понатаму е во тек и ќе продолжи најверојатно и во наредните две недели, а надлежните апелираат на внимателност од опасноста од лизгање на земјиштето.

Околу 267.000 домови доживеале прекини на водата во зафатените подрачја. Исто така, големи штети претрпе и патниот и железничкиот сообраќај.

 

Во областа Маби, околу 1.200 хектари, или една третина од областа, беше потопен уништувајќи 4600 домови.

Локален жител шета пред потопени и уништени куќи во Маби, Окајама.