Властите во Иран оваа недела наишле на ужасна глетка: стотици мртви ајкули на брегот на Персискиот Залив. Причината за ваквата катастрофа не е природен феномен – ловците незаконски ги ловат ајкулите, ги убиваат, за потоа да им ги пресечат перките и да ги фрлат назад во водата.

Hossein Delshab, официјален претставник во градот Бушер, за локалната новинска агенција изјавил дека стотици мртви ајкули неодамна се нашле на брегот на островот Шиф и за него ова претставува „аларм за истребување на ајкули“ во областа.

Иако ловот на ајкули во областа е забранет од 2014 година, сепак високата побарувачка за нивните ценети перки го направил ловот повреден и од предвидената казна за лов на ајкули која изнесува до 7.000 долари.