Фотографот на „Нова Македонија“ Горан Анастасовски ексклузино ги објави првите фотографии од бебето на белиот кенгур во Зоолошката градина – Скопје.
– Ова е посебно, возбудливо чувство што малото кенгурче излезе и ми позираше за да ги направам фотографиите, бидејќи малите кенгурчиња поголемиот дел од времето го поминуваат во торбата на своите мајки – вели Анастасовски за направените фотографии.