МАЛ БАЛКОН – КРЕАТИВНОСТА НА ПОТЕГ

МИНИМУМ ПРОСТОР –  МАКСИМУМ УЖИВАЊЕ

 

Само неколку сегменти од животот можат да не направат среќни, а секако, еден од нив е опуштањето и уживање на квалитетен одворен простор. Хендикепот на денешното урбано живеење е ограничениот станбен простор, во кој најчесто не постои можност од луксузен двор и големи пространи тераси, озеленети со прекрасна, бујна вегетација. Поголемиот дел од градската популацијата живее во станбените блокови и својот  мир и простор за рекреација и одмор го пронаоѓаат на малите балкони од само неколку метри квадратни. Но, никако, тоа не е причина, истите да не бидат квалитетно уредени и оплеменети со зеленилото, што за нас живот значи.

Со многу воља, имагинација и креативитет, овие мали простори може да бидат претворени во идеално место за пиење кафе, романтични разговори, читање книга или едноставно опуштање и регенерирање по напорниот работен ден.

Малите надворешни простори можат да бидат вистински предизвик за декорирање и од истите, да се создаде живописен и гостољубив екстериер, доколку се внимава на следново:

  • Користење на повеќе саксии во различни големини, стилови и бои, ќе го направат малиот балкон подимензионален;
  • Аранжирање на цвеќе, односно комбинирање на повеќе сорти и видови во една саксија, ја прават терасата визуелно побогата и позелена;
  • Боите на цвеќињата во саксиите и жардињерите треба вкусно да се надополнуваат;
  • Растенијата кои не цветаат, а имаат интересни форми и листови, даваат прекрасна позадина за цветните аранжмани во преден план;
  • Украсни и необични саксии додават дополнителен впечаток;
  • Вертикалната градина е исто така необичен начин на декорација во минималистички простор;
  • Ползечките растенија ќе додадат густина и дополнителна интима како заштитници на приватноста;

Да се активираме, да поработиме и да создадеме своја, едиствена приказна за незаборавни моменти во претстојните летни  месеци.

Мај, е вистинското време за тоа!