Македонија на 40°C!

Според Управата за хидрометеоролошки работи – УХМР, денес целата територија на Македонија ќе биде со температури до 40°C и во жолта фаза. Се препорачува да се избегнува периодот од 11.00 до 17.00 часот за излегување на отворено. Ова осбено важи за хроничните болни и повозрасните лица. Доколку се излегува на отворено во овој период од денот, се препорачува носење на светла облека, шапка и наочари за сонце.

Дневните температури на воздухот во земјава ќе се движат во интервал од 29°C до 40°C.

Во попладневните часови на одредени места можна е појава на невреме пропратено со пороен дожд и грмежи. Според метеоролозите појава на облачност пропратена со дожд се очекува во северните, северозападните и источните делови од Македонија.

Според синоптичарите УВ индексот денес ќе биде многу висок и ќе изнесува 9.