Почетна Новости Магични фотографии од најстарото и најдлабокото езеро во светот што не сте...

Магични фотографии од најстарото и најдлабокото езеро во светот што не сте ги виделе досега

0
428

Oколу 25 милиони години старо, Бајкалското Езеро во Сибир – Русија, е најстарото и најдлабоко езеро во светот, а како што покажуваат фотографиите подолу, тоа е исто така едно од езерата со најчиста вода.

Достигнувајќи длабочина од 1642 метри, езерото замрзнува до дебелина од 1,5 до 2 метри, што го прави главно езеро за прошетка во зима. Поради таа причина и секако неговата убавина, езерото стана популарно туристичко место, па дури привлече кампери кои поставуваат шатори на површината на замрзнатата вода.

Огромното и релативно изолираното езеро е исклучително биодиверзивно, со повеќе од 700 ендемични видови животни. Неговата флора и фауна е од посебен интерес за научниците со надеж дека ќе откријат како животот се адаптира на одредена локација со текот на времето. Поради својот посебен животински свет, Бајкалското Езеро се нарекува и Галапагос на Русија.

Фотографот Кристина Макеева го посетила езерото на почетокот на 2017 година и фотографирала од површината на замрзната вода. „Мразот постојано се крши“, вели таа. „Кога мразот е многу тежок, пукнатините го делат на различни области“, додава таа. Должината на овие пукнатини е од 10 до 30 километри, а ширината од 2 до 3 метри.

Пукнатините настануваат секоја година и скоро на истите делови од езерото и создаваат звук што асоцира на грмотевици или истрел од огнено оружје.

Бајкалското Езеро, кое поседува околу 20 отсто од вкупното количество незамрзнати слатка вода во светот е долго 636 километри и широко 50 километри.