МАГИЧНО ВИНОЖИТО – ВООДУШЕВУВАЧКИ ПРИРОДЕН ФЕНОМЕН!

 

”Магично виножито во мочуриште”. Фотографијата направена од  Brent Rossen, за време на прошетка во парк во Вирџинија.  За само 24 часа фотографијата доби 120.000 прегледи.

 

Овој воодушевувачки природен феномен се случува благодарение на природнитре масла што се ослободуваат при распаѓането на вегетацијата. При процесот на разложување на лисјата се ослободува танинска киселина и се формира тенок филм на површината од водата во мочуриштето. Кога сончевта светлина ќе продре во шумата, под одреден агол можат да се набљудуваат прекрасните бои.

Доколку се набљудува водата од сенка, станува збор за најобична мочуришна вода, за разлика од набљудувањето во сончев ден и тоа само под точно одреден агол.

За  да се долови ефектот на магичното виножито, потребно е водата да отстои подолг временски период, како би завршил процесот на разложување, потребен да го предизвика овој природен феномен. Исто така, потребни се идеални надворешни влијанија,  како отстаство на струења, ветер и се она што би предизвикало нарушување на кревкиот филм формиран на површината од водата.

Ваквите природни феномени, иако се реткост и се случуваат повремено, најчесто на три-четири години, предизвикуват воздишки и прекрасно би било доколку може и лично да се доживеат.