Лоша глетка на плажите во Барселона: туристите згрозени од ужасот!

Невреме проследено со бура донесе ужас на десетина плажи во познатото туристичко место, Барселона. Мртви стаорци лебдат во водата и се натрупуваат во песокта на засегнатото подрачје. Се верува дека стаорците се акумулирале  по невремето и поплавите  кои  го погодија градот во петокот.

Како знак на  предупредување на туристите од новонастанатата ситуација во морето и плажите  беа подигнати жолти знаменца. Најголем дел од туристите се згрозени од лошата глетка, но секогаш има и такви кои се храбри и сакајќи да се докажуваат без проблем запливаа во водите.

Стручни екипи се упатиле кон плажите за чистење на отпадоците  и остатоците по дожд, а пронајдените мртви стаорци се извлечени од водата со големи мрежи.