ЛИНДАНОТ-еколошка бомба, на дебата во Владата

Денес во Владата, повторно дебата за изнаоѓање конечно решение на проблемот со отпадот од пестицидот линдан кој се наоѓа во дворот на поранешната фабрика „Охис“. Со развивање на градот Скопје и неговиот забрзан процес на ширење и населување, ОХИС како локација од периферна фабрика на времето, денес претставува исклучителна опасност речиси во централното градско подрачје.

На дебатата во Владата свое обраќање ќе имаат претседателот на Владата Зоран Заев и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

Линданот од 2009 година е забранет за  производство, а станува збор за пестицид, кој порано се користел во земјоделството. Во процесот на производство со неговото одвојување од другите соединенија, се создавале огромни количини на токсичен отпад кој се депонирал  на отворено и во дворит на фабриката.

Останува отворено прашањето, дали и кога ќе се изнајде безбедно и еколошко решение за овој проблем кој е потенцијална еколошка бомба за цело Скопје.