Пролетта ни пристигна, а летото веќе не e толку далеку. Планирањето на летниот одмор или дури и купувањето на пролетни акцесоари за домот е најдобар начин за момент да се оттргнеме од зимското расположение. Travel + Leisure направија листа со најдобрите плажи во Европа на сите времиња, во обид да не иснпирираат во нашите планови за летни патувања. „Овие места се подеднакво разновидни како самата Европа”, пишува авторитетот за патување. „Има сé – сезонски пешачки патеки по должината на брегот, семејни плажи со многу активности, затскриени места за приватно релаксирање и места за журки полни со енергија.”

Следните пет плажи се наоѓаат на првите пет места.

За неверојатен поглед:  Navagio, Zakynthos Island,  Грција

Фокусот на ова познато место е товарен брод од раните 80-ти. Рѓосаната школка поставена наспроти спектакуларената природна убавина на островот Закинтос е впечатлива глетка која треба да се види за вистински да се вреднува.

За авантура:  Calanque d’En-Vau, Cassis, Франција

Авантуристичките типови нема да сакаат да ја пропуштат оваа затскриена локација на Јужниот брег на Франција – до неа се доаѓа само со брод или по двочасовно пешачење.

За кристално чиста вода: Rabbit Beach, Lampedusa, Италија

Оваа е една од најубавите плажи во светот, но нејзината локација (160 km оддалеченост од Италијанскиот брег) ги обесхрабрува сите, освен оние, најхрабрите патници. Водата е доволно плитка за да се отиде подолу во заливот и е релативно мирна и чиста, што ја прави рај за пливачи и нуркачи.

За розов песок:  Elafonissi Beach, Crete,  Грција

Љубителите на плажи и оние во потрага по адреналин ќе го сакаат Елафонди за низа активности и заради спектакуларните предели. Розовата песочна плажа и планините во позадина претставуваат вистинско уживање за секого.

За поголема приватностPlaya de Migjorn, Formentera, Шпанија

Освен неверојатните предели по кои се познати плажите на Форментера, на оваа долга плажа на шпанскиот брег се наоѓа за секого по нешто. Бидејќи плажата продолжува со километри, дури и патниците кои се надеваат на затскриено место нема да мораат да талкаат далеку.