ЛАВИРИНТ ОД ОТПАД НА ПЛОШТАДОТ ВО БУЕНОС АИРЕС

Над 15 000 пластични шишиња привремено добија нов живот, откако блеснаа вградени во лавиринт на плоштадот “Ватикан”, Буенос Аирес.

Дизајниран од еколошко-уметничкиот колектив “Лузинрупрутус”, лавиринтот со јасна порака: Будење на свеста кај луѓето за енормната количина на секојдневно создаден отпад, во случајот пластика за еднократна употреба.

Импозантното уметничко дело – “Сиудад Верде”, долго 650 метри и со површина од 1550 метри квадратни, беше направено за  една недела и отворено за посетителите 24 часа на ден, како дел од Светскиот ден за рециклирање. Инспирацијата доаѓа од претходно поставените лавиринти во Мадрид и Катовице. Шишињата се собрани во неколку организирани акции во околината,  исчистени и сортирани во проѕирни пластични кеси пред да бидат вградени. Интересен е фактот дека, архитектите ги оставиле етикетите на шишињата за да покажаат кои брендови за пијалоци генерираат најмногу отпад во Буенос Аирес.

Дизајнот кај посетителите предизвикува чувство на дезориентираност, несигурност, додека нервозно се бара излезот. Осветлен со бели LED диоди лавиринтот ноќе се претвора во сјаен и блескав простор.

По завршување на настанот “Сиудад Верде  е демонтиран, а селектираниот отпад од кој беше направен,  уредно вратен за рециклирање.