Кула од дрво и растенија – интересен контраст на традиционалната градба во Торонто

Топол, природен изглед, спој од  дрво и растенија на балконите е моделот за еколошки развој и одржливи проширувања на урбаниот пејзаж во Торонто.

”Penda” архитетектите во соработка со канадскиот консултант за дрво ”Tmber”  ја дизајнираа кулата во Торонто.

”Џинот дрво” – Кулата во Торонто е наменета да биде катализатор за идните станбени објекти, поефикасни за изградба, поеколошки од традиционалните градежни методи.

Осумнаесеткатната  кула со  височина од 62 метри,  обезбедува  4.500 квадратни метри станбен  и 5500 деловен простор, како и балкон за секој стан поединечно, со приватна ботаничка градина.

Методот на градба  е побрз, потивок, користи помалку отпад и е еколошки оправдан. Кулата користи масивни панели од дрво, како нејзини главни структурни елементи, како  и дрвени обложени панели на својата фасада, a бетон и челични елементи се вградени само онаму, каде каде што истото  е неопходно.

Ботаниката на терасите нуди приватна градина за секој стан, што создава степен на удобност и приватност во рамките на градскиот метеж. Дрвјата не само што доловуваат топол и пријатен изглед на ова архитектонско чудо, туку обезбедуваат и сенка за станарите  во текот на летото и помагаат да се одржи температурата на топлите денови.