Во големите градови, загадувањето на воздухот често го надминува нивото до степен опасен по здравјето. Смогот е еден од најголемите проблеми во современите градови, но новата технологија вградена во кула во Ротердам, Холандија докажува дека со нова иновативна технологија што користи обновлива енергија, може да се надмине овој здравствен кошмар.

Daan Roosegaarde ја создаде „најголемата правосмукалка на смог во светот“ – кула со вградена технологија што го прочистува воздухот од смог, односно го вовлекува загадениот воздух, го прочистува и испушта свеж и чист воздух во околината.

Кулата „The Smog Free Tower“ е висока 7 метри и за еден час чисти 30 метри кубни смог користејќи електрична енергија не повеќе од тоа што користи просечен бојлер, а истата ја црпи од обновливи извори на енергија.

Roosegaarde и неговиот тим е толку иновативен, што од собраните, а потоа рециклирани честички, изработуваат накит како дел од концептот „Тhe Smog Free Ring

Всушност, правот отстранет од 1000 метри кубни воздух се компресира во коцка и запечатува во структура која е изработена од смола.

Коцката потоа се користи како декоративен детаљ на прстени или манжетни. Од смогот кој кулата го собира во еден ден можат да се направат 3.500 орнаменти.

Инаку Daan Roosegaarde и неговиот тим во 2017 година воведoa уште еден концепт „Тhe Smog Free Bicycle.“Станува збор за иновативен велосипед кој работи нa истата технологија како и концептот „The Smog Free Tower“.