КУЌАТА ОД ДОМИНИКАНА КОЈА ПЛЕНИ СО СВОЈОТ ДИЗАЈН

,,Cocoon Smart Home”, –  дизајнирана од  ,,Richard’s Architecture and Design”, ќе биде првата признаена куќа од ,,Minergie”  во Доминиканската Република. ,,Minergie”, претставува ознака за нови и реновирани објекти со ниска потрошувачка на енергија. Со соларни панели, геотермален систем и систем за собирање дождовница, прекрасниот дизајн е целосно оддржлив!

Оваа неверојатна куќа е инспирана од желбата, да се создаде идеална автоматизирана куќа која придонесува за здравјето не само на нејзините жители, туку и на целокупната околина. Напојувањето со енергија на ,,Cocoon smart home” вклучува, соларен и геотермален систем, како и домашни ветерници. Ентериерот се состои од пет спални соби, кои дополнително ќе бидат опремени со грејачи што користат гориво од водород. Овој вид на гориво го има бенефитот, да  не емитува никакви отпадоци што би претставувале опасност кон животната средина.  ЛЕД осветлувањето, заедно со системот за затоплување, ќе користат енергија од системот за складирање и зачувување на батерии, кој дозволува остатокот од електрична енергија да биде вратен назад кон главната електрична мрежа или искористен за полнење на електрични автомобили.

Посебно дизајнираната органска, вертикална градина, врамена со челик и стакло, овозможува овој волшебен дом да плени од природната светлина.  Стратешкото уредување, заедно со специјалниот систем на вентилација, придонесуваат за ладење на домот од превисока температура. Понатаму, оваа паметна, еколошка куќа, нуди систем за собирање на дождовница, кој комбиниран со посебен систем за прочистување на водата, дава чиста и безбедна вода за жителите. Уште поинтересен е фактот, дека системот произведува доволно вода и за градинарење, а не само за домашна употреба. Ова е рај за градинарите и сите љубители на зеленилото.

Во продолжение, погледнете ја галеријата со фасцинантни фотографии, кои потврдуваат, дека со право дизајнерите овој паметен дом го нарекуваат – Шик на Карибите.