Кај поголем број на лица, кои имаат прележано од коронавирус, привремено се јавува чувство на губење на сетилото за вкус и мирис. Во фазата на закрепнување, обично се враќаат сетилата за вкус и мирис, но кај некои лица откриваат дека некои намирници потоа имаат поинаков мирис и вкус.

Симптомите на Ковид-19 можат да бидат различни – од покачена телесна температура, главоболка, дигестивни проблеми па сè до умор. Но, губењето на сетилото за вкус или мирис е еден од симптомите карактеристичен токму за Ковид 19 вирусот, а според мета-анализата спроведена од страна на клиниката „Mayo“, од 8438 пациенти заболени од корона вирус, 41 % ги изгубиле сетилата за вкус и мирис, пренесува „Best Life“.

Кај поголем број од заболените, откако ќе ја прележат болеста,сетилата се враќаат, но кај некои тие сетила се менуваат, односно некои намирници повеќе го немаат тој вкус кој што го имале пред болеста.

Според новиот извештај кој го објави „Eater“, во група од 5 лица кои прележале коронавирус, тројца изјавиле дека со месеци по болеста, кромидот бил вид на храна кој се истакнувал како посебно невкусна.

Еден од пациентите кој прележал Ковид-19 рекол дека кромидот има „ужасен вкус“, друг навел дека му бил „одбивен“, а трет пациент истакнал дека мирисот на кромид „исклучително му сметал“.

Тоа не е единствената промена која се случувала кај лица заразени со коронавирус. Едно лице кое ја прележало болеста за „BBC“вели дека месото му имало вкус на бензин, а друга личност изјавила дека виното имало вкус на масло, пренесува „Newsweek“.