Пандемијата на коронавирусот влијаеше на запирање на индустриската активност и привремено го намали нивото на загадување на воздухот низ целиот свет, на што покажуваат сателитските снимки од Европската Вселенска Агенција.

Читањата од сателитот ЕСА „Сентинел-5П“ покажуваат дека во текот на изминатите шест недели, нивото на азотниот диоксид (NО2) во градовите и индустриските зони во Азија и Европа беа со значително пониски концентрации, отколку во истиот период минатата година.

Експертите истакнуваат дека овие ненадејни промени претставуваат „најголем експеримент досега“ во однос на намалувањето на емисијата на гасовите од индустријата. Сателитските слики покажуваат значителен пад на емисиите на азотниот диоксид на глобалното ниво

Paul Monks, професор на Универзитетот во Лестер, по загадување на воздухот, потенцира дека ќе имаме можности да се научат многу важни лекции. „Сега, ненамерно, го спроведуваме најголемиот експеримент досега видено“, рече тој. „Дали можеме да видиме во иднина и како можеме да преминеме во економија со низок јаглерод? “.

Една од најголемите падови на нивото на загадување може да се забележи над градот Вухан, во централна Кина, кој беше ставен под строг карантин кон крајот на јануари. Градот со 11 милиони луѓе служи како главен центар за транспорт и е седиште на стотици фабрики кои произведуваат делови за автомобили и друг хардвер на глобалните ланци на снабдување. Според Наса, нивото на азотниот диоксид низ источна и централна Кина е за 10-30% пониско од нормалното.

Нивото на NO2 исто така падна и во Јужна Кореја, која долго време се бореше со високи емисии од својата големите ланци на термо електрани најаглен, но исто така и од блиските индустриски капацитети во Кина.

Промените во северна Италија се особено впечатливи бидејќи земјата е во карантин од 9 март, а нивото на NO2 во Милано и другите делови на северна Италија опадна за околу 40%. „Тоа е прилично невидено“, рече Vincent-Henri Peuch, директорот на Copernicus Atmosphere Service.

                   

Целосниот текст може да се види на следниот линк: https://www.theguardian.com/environment/2020/mar/23/coronavirus-pandemic-leading-to-huge-drop-in-air-pollution