Коронавирусот  се шири низ целата планета. Заразени лица има и во Европа, Австралија, Америка.

Досега бројот на загинати се искачи на 41 лице, а бројот на заразени лица ја надмина бројката од 1000 лица. Фактот дека Кина е во период на прослава на Лунарната Нова Година, претстои доста ризичен период бидејќи кинезите масовно патуваат за нивниот најголем празник. Затоа од безбедносни причини, Лунарната Година Година нема да биде прославена со огномет во Пекинг и другите поголеми градови.

Во традиционалната новогодишна ТВ програма, беше емитуван и повик за борба против коронавирусот во Вухан.

Властите во провинцијата Хубеи, каде се наоѓа Вухан, во четвртокот започнаа да ги затвораат градовите во обид да го спречат ширењето на вирусот. Во најмалку 13 градови, со население од над 43 милиони луѓе, јавниот превоз е во прекин и аеродромите и железничките станици се затворени.

Научниците се сомневаат дека оваа вирусна болест е пренесена од диви животни, од која досега починало 41 лице, а заразени се 1.287 лица на национално ниво, соопшти Националната комисија за здравство.

Австралија денеска  го потврди својот прв случај на новиот вид коронавирус во државата Викторија, додека сојузната влада ги повика граѓаните да не патуваат во кинеската провинција Хубеи, каде што е епицентарот на епидемијата. 50-годишен Кинез, кој бил во Вухан каде се појавил вирусот, е во стабилна состојба во болницата во Мелбурн, откако пристигнал од Гуангжу на 19 јануари, изјави министерката за здравство на Викторија, Џени Микакос.

„Важно е да се нагласи дека нема причина за тревога за заедницата“, додаде таа. Здравствените власти велат дека пациентот е стабилен и не е во многу сериозна состојба.

Малезија, исто така, ги забележа првите случаи на инфекција со коронавирус, а од вчера беше потврдено и дека вирусот пристигнал во Европа. Имено француската министерка за здравство Агнес Бужин изјави дека во Франција се пријавени два случаи на инфекција со коронавирус. Таа рече дека еден случај е потврден во Бордо, а другиот во близина на Париз и дека заразените лица допатувале од Кина, а се очекува да се појават повеќе заразени во Франција.

Министерката Бужин смета дека Франција е првата европска земја што го потврдила појавувањето на коронавирусот, бидејќи нејзините експерти развиле метода што овозможува брзо дијагностицирање на болеста.

Извор:

https://www.youtube.com/watch?v=7SwME2TdQaI

https://www.youtube.com/watch?v=93r4q9u6qws

https://www.youtube.com/watch?v=Gt95eDbqzPg&feature=emb_logo