25.1 C
Скопје
среда, јули 17, 2019
Почетна Контакт

Контакт

Детали за контакт

Еко Република 
Никола Тесла 16/1-2

+389 (0)2 306 0747

Е-пошта: contact@ekorepublika.mk

За нас

Светската актуелност на движењата и процесите на засилена битка за заштита на животната средина, климатските промени, управувањето со отпадот, заштита на биодиверзитетот, опустинувањето, одржливиот развој, енергетската ефикасност, пристапот на јавноста до информациите од сферата на животната средина, дефинирана и во Архуската Конвенција од 1998 година, јасно дефинира кои ќе бидат основните приоритети во иднината за сочувување на планетата Земја и воспоставување достоинствен живот за секој граѓанин на светот.

Република Македонија треба да биде суштински дел од овие процеси, а не да биде дел од строго лимитиран и ограничен институционален формат на присутност и активности. Ако при тоа се види и ограничената и селектирана информација до јавноста на сите овие процеси и активности, иако секојдневно сме опкружени со многу отворени прашања кои го обременуваат секојдневниот живот на македонскиот граѓанин, јасно е дека имаме сосема спореден пристап кон оваа проблематика.

ЕКО РЕПУБЛИКА, e отворен прозорец за промоција и презентација на суштински и јавен пристап кон заштитата на животната средина и природата, со промовирање на јасните потреби за поставување на одржлив систем на решавање на еколошките проблеми, а во исто време репрезентативно промовирање на еколошките вредности на Република Македонија.

Потребно е да се наметне засилено темпо на континуирано промовирање на политики и активности поврзани со заштитата на животната средина и природата, кои како резултат ќе го имаат подобрувањето на квалитетот на животот на секој граѓанин на Република Македонија како и воведување на индивидуални вредности на еколошка и здравствена заштита.

ЕКО РЕПУБЛИКА, бележи настани од Македонија, Европа и Светот.

ЕКО Календарот, ЕКО фотографијата и ЕКО Видеото, се и Ваш бележник на актуелните сосотојби, потсетување на минатото и вредностите кои треба да ги паметиме и сето тоа комплетирано во порака за иднината.

ЕКО Колумната ќе ни ја даде и пораката на истакнати борци и активисти за животната средина како што се јавни личности од политичкиот и економскиот живот, од академската фела, НВО-секторот, Интернационални личности.

И како порака, дел од писмото на индијанскиот поглавица Сиетел до претседателот на САД Линколн од 1854 година

…Морате да ги научите своите деца дека тлото под нивните стапки е пепелта на нивните дедовци. За да ја почитуваат земјата, кажете им на вашите деца дека земјата со нас е во сродство. Учете ги вашите деца како што правиме ние со нашите, дека земјата е наша мајка… Што и да ја снајде неа, ќе ги снајде и синовите на земјата.
Ако човекот плука на тлото, тој плука на самиот себе.
Тоа ние го знаеме:
Земјата не му припаѓа на човекот; човекот и припаѓа на земјата!
Тоа ние го знаеме. Сите работи се поврзани, како крвта што го обединува семејството. Што и да ја снајде земјата, ќе ги снајде и синовите на земјата. Човекот не го ткае ткивото/предивото на животот; тој е само нишка во него. Што прави со предивото, тоа си го прави самиот себеси… 

 … и затоа истакнуваме дека со појавувањето на ЕКО Република се прави мал чекор за еколошки освестените граѓани на Република Македонија, но е голем чекор за иднината и опстанокот на идните поколенија . . .

Испратете ни порака!

ПОСЛЕДНИ НАПИСИ

Зелен климатски фонд во Македонија!

Околу 50 претставници на владините институции, министерствата, граѓанскиот и приватниот сектор, академијата и меѓународните организации  во петокот на 12 јули во Маврово дискутираа на...