Конкурс за избор за ЕКО ОПШТИНА

1
298

Во насока на промоција и презентација на суштински и јавен пристап кон заштитата на животната средина и природата, со промовирање на јасните потреби за поставување на одржлив систем на решавање на еколошките проблеми, а во исто време репрезентативно промовирање на еколошките вредности на Република Македонија,

ЕКО РЕПУБЛИКА
објавува

Конкурс за избор на ЕКО ОПШТИНА во Република Македонија

за 2018 година

Конкурсот за избор на ЕКО ОПШТИНА ќе трае до 20 декември 2018 година. Пријавите и предлозите да се доставуваат на e-mail ekoopstina@ekorepublika.mk . Критериумите за изборот се дадени во прашалникот за изборот на ЕКО ОПШТИНА во Република Македонија за 2018 година.

Одлуката за избор на ЕКО ОПШТИНА во Република Македонија ќе ја донесе Комисија составена од експерти во делот на животната средина, универзитетски професори и лица кои вршле и вршат високи државни функции поврзани со животната средина.

Ќе се изберат 3 (три) нај ЕКО ОПШТИНИ во Република Македонија Дополнително ќе се одберат и 5 (пет), негативни еколошки примери за деградација на животната средина, исклучиво врз база на доставени предлози од страна на граѓаните.

Допис до Општини за избор на ЕКО ОПШТИНА

Конкурс со прашалник и критеруми за избор на ЕКО ОПШТИНА