Конкурс за избор на ЕКО фотографија за 2017 година

1
482

Почитувани читатели,

Чест и задоволство ни е да ве поканиме да учествувате во конкурсот за избор на најдобра ЕКО Фотографија за 2017 година кој ќе трае од 09.10.2017 год. до 18.12.2017 год.

Критериуми за учество во конкурсот се:

  1. Фотографиите да бидат оригинални со еко мотиви по избор на испраќачот на фотографиите;
  2. Секој учесник може да учествува со повеќе фотографии;
  3. Фотографиите да бидат фотографирани во било која сезона во 2017 година;
  4. Доставените фотографии да се во оригинален JPG или друг формат, со максимална големина до 5MB, краток опис за фотографијата и име и презиме на учесникот.

Еко Република го задржува правото да изврши објавување на секоја доставена фотографија со опис под фотографијата, на својот интернет портал www.ekorepublika.mk и својата facebook страница.

Изборот на најдобра ЕКО фотографија ќе го изврши посебна Комисија формирана од редакцијата на Еко Република. Кандидатот чија фотографија ќе биде избрана за најдобра ЕКО Фотографија за 2017 година ќе биде награден со ваучер – викенд за двајца во Маврово или Охрид по избор на добитникот. Ваучерот ќе може да го искористи во еден од викендите во месец јануари или февруари во 2018 година.

Најдобрите 20 ЕКО фотографии ќе бидат јавно презентирани и промовирани на фото – изложба, која ќе се одржи на 22 април 2018 година на Светскиот ден на планетата Земја.

Еко Република го задржува правото за свои интерни потреби да ги користи фотографиите на сите учесници во некомерцијални цели.

Ги охрабруваме сите читатели на Еко Република своите фотографии со опис за секоја фотографија и име и презиме на кандидатот да ги испратат на contact@ekorepublika.mk најдоцна до 18.12.2017 година до 12:00 часот.