Конкурс за фотографија – напуштеното и заборавено културно наследство

0
143

КОНКУРС ЗА ФОТОГРАФИЈА

на тема

Напуштеното и заборавено културно наследство, испреплетено со природното богатствo – порака кон иднината, на темелите од минатото

Еко Република го реализира Проектот ”Напуштеното и заборавено културно наследство, испреплетено со природното богатствo – порака кон иднината, на темелите од минатото”, кој е одобрен и поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, во рамките на Манифестацијата “Нов културен бран” за 2018 година.

Целта на проектот е да се бележат моментите во историскиот развој на овие простори. Многу цивилизации се издигнале на овие простори, а подоцна пропаднале. Многу освојувачи поминале и оставиле трага. Голем дел од  моментите се запишани во најразлични документи, патеписи и пронајдени артефакти.

Целта на  проектот е записот во колективната меморија, како што е пишаниот збор, да го збогатиме врежувајќи ја  и сликата како запис.

За таа цел, со овој конкурс ќе се обидеме да обезбедиме фотографии од простори во Република Македонија кои се дел од културното наследство, а се подзаборавени или не им е дадено соодветно внимание. Притоа, забележливо е дека голем дел од ова подзаборавено културно наследство се наоѓа во прекрасни природни предели.

Конкурсот трае до 08.10.2018 година, до 15.00 часот.

Фотографиите може да се доставуваат на е-маил contact@ekorepubilka.mk

Не е важен временскиот период кога се направени фотографиите.

Фотографиите да се праќаат во jpg формат, a големината на фотографиите не смее да биде помала од 1600 пиксели по хоризонталa  и вертикала.

Обавезно да се наведе име и презиме на авторот и фотографирана локација.

Од пристигнатите фотографии, ќе се одберат и три најдобри.

Главниот настан ќе се организира во близина на Лесновскиот манастир, локација каде имаме прекрасно културно наследство, збогатено со волшебните природни убавини.