Конференција– организирано донирање на вишокот храна

Секој четврти граѓанин во Македонија има проблем околу обезбедувањето на оброк во текот на денот, а од друга страна големи количини употреблива храна се фрлаат, говорат податоците  на „Сите сити“.

Овој концепт на „Сите сити“ предвидува кампања за подигнување на свеста на компаниите и граѓаните, изработка на прирачник за безбедна употреба на вишокот храна и воведување на иновативна веб платформа која ќе ги поврзува компаниите и граѓанските организации. Вишокот храна ќе се објавува и следи на веб платформата како би можело навреме да се презема од граѓанските организации, при што би се планирале количините, како и лицата и времето на подигнување на истата.

За овој вид на планирање и донирање вишок на храна, во Скопје на 19 јуни се одржи конференција. Настанот ќе започне во 11 часот хотел „Мериот“.