Во рамките на меѓународната Конференција „Комуникација за управување со отпадот“ која ќе се одржи на 12 -13 септември, 2019 година во Охрид а е во организација на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад МаSWA и со цел промоција на нови технологии и одржливиот развој, ќе се организираат и презентации од врвни светски компании во делот на заштитата на животната средина.

Како дел од овие активности е и презентацијата на Мобилна единица за прочистување на загадени води и отцедок од депонии на компанијата “Klarwin”. Оваа единицата ќе биде поставена и функционално изложена во депонијата Дрисла, во периодот од 10 до 12 септември. За техничките податоци и начин на функционирање на оваа постројка одговор ќе може да се добие од стручното лице на компанијата “Klarwin”.

Сите зантресирани компании, стручни лица, претставници на локланата и централната власт слободно можат да ја посетат постројката која е сместена во Дрисла и да се информираат за  нејзиното работење.