Учеството на Вардар во Лигата на шампиони во ракомет и освоените две титули европски шампион, секогаш беа пратени со енергијата и подршката од навивачката група „Комити“. И оваа натпреварувачка сезона иако Вардар не ги постигнува посакуваните резултати, поддршката од фановите и атмосферата во СЦ „Јане Сандански“ секогаш е иста и е на највисоко ниво.

На прашање на медиа тимот на ЕХФ, кои се најдобрите навивачи во елитната конкуренција, а притоа поставувајќи видео со атмосферата во Скопје, јасно кажува дека вардаровите навивачи се број еден.

https://www.facebook.com/ehf.champions.league/videos/4617942054987669/