Колективниот постапувач Нула Отпад ДОО Скопје во соработка со Македонска Филхармонија овозможуваат музичка едукација и забава

0
468
Нула Отпад ДОО Скопје за прво одделенците од ООУСвети Кирил и Методиј“ – Центар, Скопје во петокот организираше незаборавно доживување.

Едукација, прошетка и запознавање одблиску со музиката и инструментите кои ја будат детската фантазија.

Вработените при Македонска Филхармонија се погрижија нивното доживување да биде навистина впечатливо со тоа што најмладите ги запознаа со многу инструменти кои беа дел од првата ЕКО ПРЕТСТАВА во саботата. Виолина, виолончало, туба итн… Музичкиот развој започнува пред раѓањето. Нервните клетки на внатрешното уво кај фетусот започнуваат да функционираат во петтиот или шестиот месец од мајчината бременост. Со слушање на чукањето на мајчиното срце фетусот го развива чувството за ритам. Околу седмиот месец фетусот ги перципира надворешните звучни стимули. Кога детето ќе се роди, тоа веќе поседува одредено акустичко искуство.

Првите десет години од животот се важни и за формирањето на музичкиот вкус. Децата се поотворени и потолерантни за непознати видови музика, поради што преку осмислено и квалитетно музичко образование може значајно да се влијае врз развојот на нивниот музички вкус и естетски вредности. Со почетокот на адолесценцијата се намалува отвореноста за непознати видови музика, поради што помалку може да се влијае врз формирање на музичкиот вкус.

Оттука, Колективниот постапувач Нула Отпад ДОО Скопје во соработка со Македонска Филхармонија овозможуваат музичка едукација и забава, а со тоа и доближување на квалитетнота музика што е посебно важно во првите десет години од животот. Во првите десет години од животот, освен што ги развива музичките способности и музичкиот вкус, влијае и врз општиот развој на детето. Ова е прва од низа едукативни активности кои ги организира колективниот постапувач како награда за најдобрите и највредните кои работат на тема екологија и селекција на отпад.

Од Колективниот постапувач Нула Отпад ДОО Скопје ги повикуваат и другите училишта да ја пријават својата вредна работа, да селектираат отпад, електронски и електричен отпад како и батерии и да се обратат во Нула Отпад ДОО Скопје за незаборавно доживување во Македонска Филхармонија, секако во организација на колкетивниот постапувач.