Морските сунѓери се најстарите во семејното стебло на сите животински видови на планетата, открива нова студија на британски научници.

Благодарение на истражувањето спроведено од страна на професорот David Pisani од Факултетот за биолошки науки на Универзитетот во Бристол, конечно се разби дилемата за тоа дали морскиот сунѓер или медузата е најстариот животински вид на планетата.

Научниците филогенетската  студија ја засновале на анализата на структурните секвенци на биолошките макромолекули (ДНК, протеини и др.) и дошле до заклучокот дека сунѓерите се наоѓаат на дното на генеолошкото стебло на сите животни на нашата планета.

„Хипотезата за тоа дали морскиот сунѓер или медузата е најстариот животински вид, укажува на сосема различен развој на клучните органи, како на нервниот, така и на дигестивниот систем“, вели Pisani.

Инаку  доказите од првата филогенетска анализа во 2008 година укажуваа дека медузата е најстариот жив повеќеклеточен организам на Земјата.

„Од првата филогенетска анализа во 2008 година, имаме подобра и напредна технологија, па кончено успеавме да ја решиме дилемата“, завршува Pisani.