Големите пожари кои беснеат на териториjaта во сибирската Република Јакутија, отворија многу прашања кои на испит ја ставаат целокупната светска јавност. Овие пожари како голема опомена се надвисуваат над сите одоговорни ностители на општествени и државни позиции во секоја држава на Планетата Земја.

Изгорената површина според проценките е околу 120. 000 km2 што по површина е речиси колку 5 територии на Македонија, а сеуште горат 80.000 хектари.

Фотографиите кои можат да се видат се со вознемирувачки карактер. Голем број на изгорени животни, шуми кои ги голтаат пламени јазици, големи и темни облаци се надвиснуваат и врз многу населени места. Огромна природна катастрофа, со големи еколошки, социјални и општествени последици.

Во јавноста се добива впечаток дека Русија е оставена буквално сама да се бори со оваа огнена стихија.

Времето ќе покаже дали светската солидарност е селективна и пробирлива.

На терен е испратена руската војска со 10 авиони и 10 воени хеликоптери, а во гаснењето на пожаритеучествуваат  над 1000 лица.

Вонредна состојба е прогласена во четири региони. Се претпоставува дека дел од пожарите започнале како удар од громтевици.

Метеоролозите најавуваат дожд во дел од подрачјата зафатени со огнот, но не се очекуваат поројни дождови кои би ги изгасиле пожарите.

Извор:

https://republika.mk/vesti/svet/sibir-se-ushte-gori-pepelosani-zivotinki-gradovi-obvieni-vo-chad/

https://www.youtube.com/watch?v=exIrABMeptM

https://www.youtube.com/watch?time_continue=4&v=-1HcM6gXW8o