Климатските промени се закануваат дека ќе ја исушат реката Колорадо, со што се загрозува и водоснабдувањето на околу 40 милиони луѓе кои живеат на подрачјата од Денвер до Феникс и до Лас Вегас, а ги наводнува и земјоделските површини во југозападниот дел од САД.

Компјутерските симулации на сливот на реката Колорадо покажуваат дека во просек, регионалното покачување на температурата од 1,4 степени целзиусови во текот на минатиот век го намалил годишното количество на вода што тече низ реката за повеќе од 11 проценти. Истражувачите од U.S. Geological Survey in Princeton, N.J., овие резултати ги објавија на Интернет списанието “Science” на 20 февруари.

Овие откритија „треба да бидат причина за сериозна загриженост“, како што вели научникот за клима од “Brad Udall” од “Colorado State University” во Fort Collins. Бидејќи светот продолжува да се загрева, можни се значителни промени во протокот на вода на реката Колорадо. Снежните патишта низ целиот свет кои се хранат со снег, би можеле многу заедници да ги остават во состојба на сериозен недостаток од вода.

Хидрологот истражувач Paul “Chris” Milly и физичарот Krista Dunne симулираа акумулација на снег и истекување на вода во сливот на реката Колорадо од 1912 до 2017 година, заснована врз фактори во кои се вклучени и историски податоци за температурите, врнежите и снежната покривка. Овие симулации им овозможија на истражувачите да утврдат колку специфичните варијабли, како температурата на воздухот, влијаат на реката.

Тимот открил дека во текот на 20 век, потоплото време влијаело да има помала снежна покривка, што овозможило потемната земја да апсорбира повеќе сончева светлина. Тоа предизвикало повеќе вода на земјата да испари пред да се внесе во реката Колорадо, со што се намалил и протокот на вода во реките.

Со цел да ја предвидат иднината на реката, Milly и Dunne ги комбинираа своите симулации со климатски модели кои предвидуваат зголемување на температурата под сценарија на хипотетички емисии. Доколку емисиите на гасовите кои се испуштат од фосилните горива со концентраци на атмосферскиот јаглерод диоксид се спуштат до нивото на средновековни концентрации, симулациите предвидуваат дека годишниот проток на реките би се спуштил од 14 до 26 проценти во споредба со просечниот годишен проток во текот на минатиот век.

Извор: https://www.sciencenews.org/article/climate-change-warming-slowly-drying-up-colorado-river-water?fbclid=IwAR1OtNXOD5uPEA8VwoS1gNxjMhDeMv_fL1VjQMmKRazjOPRAq-YSoAOBnZ8