Климатските промени го загрозуваат уникатниот вкус на Шампањ!

Климатските промени кои резултираа со екстремно високи температури, со текот на годините значително влијаат врз производството на грозје во регионите ширум светот, вклучувајќи го и познатиот регион Шампањ во Франција.

Остриот, овошен вкус на грозјето од коешто се произведува квалитетното пенливо вино, зависи пред се, од студената клима и варовната почва. Но, новонастанатите климатски промени негативно влијаат врз овие клучни фактори и со право производителите  на Шампањ во Франција се загрижени за неговата иднина.

Antoine Malassagne ко-сопственикот во champagne maker A.R. Lenoble, ги истакнува тешкотиите со коишто се соочуваат производителите во последно време:  ”Бербата на грозјето се случува  во месец август, две недели порано од вообичаеното (септември), за разлика од периодот пред дваесетина години. Но, зрелоста за време на топлите  денови и ноќи резултира со  пониска киселост во грозјето, што значи помалку свежина во вината. Ниската киселост е исто така проблематична за производителите, со оглед на тоа што киселоста е она што му овозможува на шампањот да старее, создавајќи уникатен вкус на виното” .

Во борбата за сочувување и задржување на квалитетот на виното се  користат вина од постарите резерви, а не ретки се и обидите да се влијае  и врз самиот процес на производство на грозје, со покривање на почвата со слама за да се сочуваат микробите во почвата и да се спречи втората ферментација на виното.

И покрај потешкотиите со коишто се соочуваат, производителите на Шампањ  и понатаму се оптимисти:  ”Како земјоделци, нашата работа, нашиот живот, нашата страст е да се прилагодиме на климатските промени , ако иднината премногу се загрее, ние само ќе треба да направиме Бургунди “.