Климатските промени алармантно на врвот на светската агенда

до Климатски апартхејд”

Климатските промени се поагресивно се искачуват на врвот на светската агенда на алармантност по Планетата Земја, а со тоа е загрозен опстанокот на човекот и целиот животински и растителен свет. Битките за вода за пиење и за плодно земјиште како и место под сенка, ќе доведат до апокалиптични состојби.За жал за вакви констатации упатуваат сериозните укажувања од експерската јавност.

Во извештајот за екстремна сиромаштија на специјалниот известувач на ОН, Филип Алстон, се истакнува дека светот е на пат на “климатски апартхејд”, во кој богатите ќе можат да си купат бегство од најтешките последици од глобалното затоплување, а посиромашните граѓани ќе се соочат со последиците. Според него, премногу потпирање кон приватниот сектор може да доведе до состојба богатите да плаќаат за бегство од прекумерната топлина, глад и конфликти, а остатокот од светот ќе се соочи со страдање.

Како пример Алстон ги издвојува жителите на Њујорк кои останале без електрична енергија и медицински услуги во 2012 година при налетот на ураганот Сенди, додека пак седиштето на “Goldman Sachs” било заштитено со десетици илјади вреќи песок а имале и свој генератор. Според негови проценки потпирањето врз приватниот сектор за заштита од екстремни временски услови и зголемување на нивото на морињата “речиси сигурно ќе доведе до кршење на човековите права,затоа што богатите во тој случај би мозеле да си дозволат да избегаат, додека  сиромашните ќе бидат оставени на цедило”.

Тој предупреди дека дури и во случај на најповолни исходи, стотици милиони луѓе ќе бидат соочени со несигурност околу прехранувањето, присилната миграција, болести и смрт.

Алстон во својот извештај ги критикува владите за недоволната  ангажираност, туку на конференциите само испраќаат претставници за да одржат “мрачни говори”, иако научниците и активистите предупредуваат за климатските промени од 1970-тите.

Од 1980 година, само Америка се соочи со 241 временски и климатски катастрофи кои предизвикаа штети во милијарди долари.

Во тој период имало позитивен развој на настаните, како што е намалување на цената на обновливите извори на енергија, намалување на употребата на јаглен, намалување на емисиите на стакленички гасови во 49 држави и 7.000 градови, 245 региони и 6.000 компании посветени на борбата против климатските промени.