Климатски промени! Што беше тоа? Предизвик за опстанок, или …? Како резултат на климатските промени со политичката дестабилизација на светот дури 2,7 милијарди луѓе од 46 земји можат да загинат од конфликти, а 56 држави се наоѓаат во делот на политичка дестабилизација

0
155

Актуелноста да се говори за климатските промени и јавноста да биде посветена на овој проблем, како пракса се појавува само во време на актуелни настани, кои по својата содржина го имаат политичкиот момент, како Конференцијата во Копенхаген, каде лидерите на земјите во светот не успеаа да усвојот првно – обврзувачки договор за борба против климатските промени, кој по 2012 година би го заменил Кјото протоколот, како и кога има состојби на големи природни катастрофи (цунами, урагани, поплави, појава на снег на места каде само на фотографија било можно да се види, суши пропратени со екстренжмно високи температури,…).

Пропаѓањето на Самитот во Копенхаген претставува морално непростлив, економски кратковид и политички непромислен чин.

Фактот дека процесот на деструкција и неконтролирано уништување на природата се одвива со огромна брзина, а овој процес е влезен во фаза каде веќе тешко може да се контролира. Светот е ставен во позиција да го очекува повратниот удар на природата.

Од укажувањата на светските експерти за климатски промени можеме да изведеме заклучоци, дека до крајот на овој век нивото на светското море би се зголемило за 1 метар и тоа пред сѐ како резултат на топењето на глечерите, особено на Хималаите, топењето на ледената обвивка околу Гренланд, како и намалувањето на ледената површина на Северниот пол. Моментално Северниот пол функционира како клима уред за планетата Земја, а како и големо огледало кое ги рефлектира сончевите зраци, што значи дека со намалување на ледената површина, голема водена површина во океаните ќе биде подложна на забрзано затоплување, а со тоа и загревање на Земјата.

Како последица од климатските промени низ неколку примери можеме да видиме што не очекува: Малдиви како островска земја, да ја снема од картата на Планетата Земја, Холандија со многу неизвесна судбина, да биде потопена. Со топењето на глечерите во Перу во 2015 година постои опасност 27 милиони луѓе да останат без вода за пиење и др.

Исто така, ако глобалната измена на температурата не се задржува на ниво на покачување од 2 степени целзиусови, тоа ќе доведе до сериозни суши од Португалија до источните граници на Казахстан, каде ќе страдаат Африка и Индија, што силно ќе влијае на неколку милијарди луѓе.

Високите температури поголем дел од светот би го претвориле во пустина, а заради недостаток на храна и вода за пиење, може да дојде до изумирање на голем број на живи суштества, вклучувајќи ги и луѓето, чија популација драстично би се намалила.

Климатските промени имаат и уште една димензија, а тоа е политичката дестабилизација на светот. Дури 2,7 милијарди луѓе од 46 земји можат да загинат од конфликти, предизвикани како резултат од климатските промени, а 56 држави се наоѓаат во делот на политичка дестабилизација, каде ќе доминираат принудни миграции во големи размери. Потрагата за вода за пиење, обработливо земјиште (значи храна), ќе биде основа за многу конфликти. Сето ова би значело политички хаос и масовни миграции. Нема потреба некој да го стисне црвеното копче за уништување, тоа одамна е стиснато, со единствена разлика што тоа сите го знаеме, го гледаме, и колку посилно почнуваме да го чуствуваме, толку повеќе го игнорираме.

П.С. Препорака, погледнете го филмот “The age of stupid“ (Ера на глупавите), ќе добиете одговори на многу прашања.

Часовникот отчукува, …

м-р. Марјан Додовски

Поранешен Министер за животна средина и просторно планирање

(АРХИВА објавено во 2012 година)