Климата се менува со огромна брзина а последиците се случуваат пред нашите очи. На североисточниот дел од Гренланд, што претставува најголемото преостанато ледено подрачје на Антарктикот, се откина огромно парче мраз.

Откинатиот дел покрива околу 110 км 2, а од сателитските снимки може да се забележи дека откинатиот дел се искршил на многу ситни делови, пренесува Би-би-си.

Во студија објавена во научното списание „Nature Climate change“, научниците споредија сателитски слики на топење мраз користејќи податоци од климатски модел објавени во извештајот на Меѓувладиниот панел за климатски промени во 2015 година. Авторите на истражувањето открија дека во Гренланд и Антарктикот се стопиле 6,4 милијарди тони мраз помеѓу 1990 и 2017 година, поради што светското ниво на морето се искачило за 1,8 сантиметри.

Загубата е уште еден доказ, велат научниците, за брзите климатски промени што се случуваат на Гренланд. „Атмосферата во овој регион е загреана за речиси 3 степени од 1980 година“, рече д-р Џени Туртон.

„И во 2019 и 2020 година беа забележани рекордни летни температури“, изјави поларниот истражувач на Универзитетот „Фридрих-Александар“ во Германија за „Би-би-си њуз“.

Стапката на топење на мразот не остана постојана, таа забрзуваше во последните неколку години, а она што е особено загрижувачко е што само помеѓу 2007 и 2017 година, нивото на морето се искачи за 1,2 сантиметри.