KING LAB го создаде BITE! – паста за заби во ново еколошко пакување

BITE е новото иновативно решение на паста за заби, кое го заменува досегашното традиционално пакување. Официјално, Kind Lab, компанија со седиште во Лос Анџелес, ја понуди на пазарот новата паста за заби која не доаѓа во вообичаеното пластично пакување.

Што е тоа што новиот производ го прави посебен?

Компанијата Kind Lab основана од Линдзи Маккормик, прави паста за заби од потполно природни состојки  и тоа рачно. Компонентите што влегуваат во составот на новата паста, се  базирани  исклучиво на растителни производи, а во клиничките испитувања и тестирања се покажале како одлични во  чистење и заштита на забите. Компанијата не вклучува флуорид во пастата за заби, што ја прави безбедна и за користење од страна на децата.

Новата паста за заби BITE е обликувана во таблети спакувани во мала стаклена тегла или мала картонска кутија. Постапката на употреба е доста лесна и интересна. Едноставно ја ставате  таблета во устата,  ја навлажнувате  четката за заби и  почнувате да четкате. Таблетата се топи и претвора во паста која одлично си ја врши работата.

Таблетите моментално доаѓаат во два различни вкуса: нане и  јаглен. Стаклената амбалажа дозволува шишето повторно да може да се користи, со можност за дополна на таблетите кои пристигнуваат во картонски кутивчиња (100% биоразградлива целулоза), со што се елиминира отпадот.

Кога станува збор за растечкиот проблем на рециклирање на досегашната пластична амбалажа на пастите за заби,  BITE е  новото иновативно решение, бидејќи се проценува дека луѓето секоја година фрлаат околу 1 милијарда парчиња пластични тубички од паста за заби.