Кина влегува во акција за изградба на соларни патишта. Групацијата за развој на транспорт Qilu го отвори соларниот пат, долг 1 километар во близина на Жинан, главниот град на кинеската провинција Шандонг.

Според Quartz, експресниот соларен пат има три слоја со сончеви панели во средината, изолација под нив и транспарентен бетон над соларните панели, кој сега е отворен за сообраќај.

Соларните панели се протегаат со ширина од 5.875 квадратни метри покривајќи три ленти од новиот соларен пат, сега отворен за сообраќај.

Овие панели секоја година можат да генерираат еден милион киловат часови чиста енергија што е доволно за да ги задоволи дневните потреби на околу 800 домаќинства.

Електричната енергија генерирана од соларниот пат би можела да биде искористена и за напојување на уличното осветлување, систем за топење на снег, камери за надзор, табли за сообраќајни знаци и објекти за патарина.

Изградбата на патот чини околу 3.000 јуани, или 458 долари за метар квадратен.

Освен Кина, пред околу една година Франција отвори исто така еден километарски соларен пат во Tourouvre-au-Perche.