Кина започна истражувања околу мобилниот интернет од шестата генерација 6-Г. Имено, кинеското Министерство за наука и технологија соопшти дека е основана работната група која што ќ́е работи на новата технологија.

„Работната група ја сочинуваат 37 стручни лица од повеќе истражувачки институти и компании. Ова го означува официјалното отпочнување на истражувањата и развојот на 6-G технологијата“, се наведува на интернет-страницата на Министерството.

Во изминатиот период Кина ја воведе 5-G технологијата што овозможува 100 пати побрз проток на податоци од постојните 4-G мрежи.

Кинеската компанија Хуавеј, која се смета за водечка во светот во поглед на 5-G, исто така е вклучена во истражувањата околу воведувањето на 6-G технологијата.