Градот Вухан, кој е во фокусот на новиот коронавирус, со голема брзина гради болница со капацитет од 1.000 кревети за лекување на заразени пациенти.

 Кинеските медиуми објавија дека се очекува болницата да биде завршена до 03 февруари 2020 година.

Болницата се гради во комплекс кој претходно бил наменет за локалните работници на периферијата на градот .

Градејќи ја оваа болница, градот  Вухан ќе го копира претходното искуство на Пекинг во борбата против вирусот САРС од 2003 година, кога една болница била изградена за седум дена.

Кина, во меѓувреме, го суспендираше јавниот превоз во десет градови, затвори храмови за време на лунарната нова година, па дури и забранетиот град и делови од Кинескиот Ѕид, се затворени со цел да се спречи ширење на новиот коронавирус во кој досега официјално загинаа најмалку 26 лица, а заразени се повеќе од 800 луѓе, јавува агенцијата Хина повикувајќи се на Ројтерс. Исто така, од сабота ќе биде затворен и Шангај Дизниленд, со цела да се спречи ширење на вирусот.

Двонеделните новогодишни празници пред „Годината на стаорците“ кои започнаа во петокот, исполнети се со стравувања дека ќе се зголеми бројот на заразени лица, бидејќи стотици милиони луѓе патуваат во своите домови и во странство.

Извор: Al Jazeera и агенции