Катастрофални пожари во Грција! Прогласена вонредна состојба!

Катастрофални пожари беснеат во Грција во областите околу Атина, а власта информира за најмалку 50 жртви и над 100 повредени лица. Во подрачјата зафатени од пожарите прогласена е вонредна состојба и властите побараа меѓународна помош.

Според податоците на  Црвениот крст утрово  во дворот на една вила во приморското село Мати  биле пронајдени 26 тела, додека бројот на жртвите претходно изнесуваше 24, со што бројката се искачи на рекордни 50. Најголемиот дел од жртвите се пронајдени заробени во своите домови и автомобилите.

Од најмалку 104 лица повредени од пожарите, 69 се задржани на болничко лекување, а  11 се во сериозна здравствена состојба, велат официјалните претставници.

Првиот голем пожар избувнал во борова шума во близина на крајбрежната населба Кинета, на 30 милји западно од Атина помеѓу главниот град и Коринт. Вториот избувнал вчера попладне во областа Пентели и Рафина, североисточно од Атина, пред да се прошири кон морското одморалиште Мати.

Најмалку 220 пожарникари се присатни на теренот и прават  напори да се справат со огнената стихија, а портпаролката на противпожарната служба, Ставроула Малири, изјави дека Грција ја повикала Европската унија да помогне со воздушна и копнена поддршка во борбата со пожарите.

Луѓето од засегнатите подрачја очајно ги напуштаат своте домови, а службите информираат дека летните кампови за деца и одморалиштата се евакуирани. Очевидците на самата катастрофа изјавуваат дека се се случило во само неколку секунди, трчале  кон морето и барела спас во водата.