Какво време нè очекува во наредните денови?

0
110

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно и свежо, со повремен локален дожд на западниот и јужниот дел, а во североисточните делови со повремени сончеви периоди.

Максималната дневна температура на воздухот ќе се движи од 12°С до 19°C.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени сончеви периоди со максимална дневна температура на воздухот до 20°C.

Како што информираат од УХМР, слично време нè очекува и за време на викендот со повремени сончеви периоди со мала до умерена облачност и максимални дневни температури до 22°C.