Воздухот во Македонија е алармантно загаден. На тоа укажуваат мерните станици кои речиси секојдневно регистрираат загадување кое е повеќекратно над дозволеното. 

Поради нарушениот квалитет на амбиентниот воздух и надминување на граничните вредности на (РМ10) и (PM 2,5) честичките, што е резултат на загадувањето на воздухот во зимски услови, лекарите и надлежните институции препорачуваат граѓаните да го сведат своето движење на отворен простор само на неопходни излегувања, да не се проветрува, да не ги користат своите автомобили без поголема потреба и да ги користат средствата за јавен превоз и др.

Освен горенаведените препораки, ние препорачуваме и носење на заштитна маска против загадениот воздух и смог.

Но, каква маска треба да одберете за да се заштитите од загадениот воздух?

Маските треба да се сертифицирани за користење во услови на висока загаденост на воздухот. Ваквите маски мора да носат една од следните ознаки:

N95 — Маски кои филтрираат до 95% од честичките во воздухот. Не се отпорни на нафтени гасови.

N99 — Маски кои филтрираат до 99% од честичките во воздухот. Не се отпорни на нафтени гасови.

N100— Маски кои филтрираат до 99.97% од честичките во воздухот. Не се отпорни на нафтени гасови.

R95 — Маски кои филтрираат до 95% од честичките во воздухот. Делумно отпорни на нафтени гасови.

P95 — Маски кои филтрираат до 95% од честичките во воздухот. Отпорни на нафтени гасови.

P99 — Маски кои филтрираат до 99% од честичките во воздухот. Отпорни на нафтени гасови.

P100 — Маски кои филтрираат до 99.97% од честичките во воздухот. Отпорни на нафтени гасови.

Во однос на тоа дека проблемот со ефикасноста на маските за аерозагадување е покомплексен од што нивните производители сакаат да признаат, еве какви сѐ типови на филтри и нивни комбинации постојат во индустријата:

Следното видео прикажува како функционираат маските на брендот Respo за заштита од загадениот воздух, кои според наше сознание не се достапни во Македонија, но може да се купат преку интернет.

Но, затоа со сигурност американските Vogmax маски може да ги најдете во нашите аптеки достапни во повеќе шари и 3 големини – Ѕ(мали) М(средни) L(големи).