Според податоците на фирмата за менаџмент консалтинг Global Workplace Analytics од САД, 50% од американската работна сила има работа чии работни задачи и одговорности може да бидат извршени од дома, а само околу 25% од нив реално работат од дома.

 

 

Кога сите од нив би работеле од дома барем 2 до 3 денови во неделата, тогаш тоа би било од големо значење за економијата во САД и животната средина во светот.

Како би се постигнало тоа?

Луѓето, со работно место надвор од својот дом, кога би работеле во домашни услови, би ја намалиле потрошувачката на гас, на ист начин како што вработените во Dell во 2015 година тоа го направија и придонесоа да се намали потрошувачката на гас, а со тоа се постигна и заштеда од 12 милиони долари за трошоци за гориво. Освен заштеда, ваквиот потег би имал и големи придобивки за животната средина.

Во 2015 година, Dell, Xerox и Aetna со воведување на флексибилни програми за работа, односно можност за работа од дома, комулативно спречија емисија на стакленички гасови за повеќе од 95.000 тони, што е еквивалентно на 20.000 автомобили помалку на патиштата.