Иако се наоѓаат во Меѓународната вселенска станица и не се со своите семејства, астронаутите на НАСА одлучија да го одбележат Божиќ на свој начин.

На екипата исто така им се приклучија уште тројца членови кои донесоа подароци од семејствата и пријателите.

Астронаутите го поминаа денот релаксирано и забавно, а дел од атмосферата беше споделена и преку Твитер од инженерот на Експедицијата 53 и 54 Mark Vande Hei.

“Среќен Божик на сите од Меѓународната вселенска станица!”, – честиташе Mark Vande Hei на твитер.

Од НАСА астронаутите добиле и еден слободен ден, кој, според портпаролот на агенцијата, го поминале во разговор со своите семејства уживајќи во специјален оброк.