Како до зелен дом?

Практични совети за претворање на домот во еколошки простор!

 

Се повеќе и повеќе станува актуелно прашањето за зачувување на животната средина, па никогаш и немало подобро време  да превземете иницијатива и направите нешто корисно. Ви предлагаме неколку корисни совети, како домот да го претворите во позелено,  еколошки поодржливо место, а воедно и економски поисплатливо.

  1. Заштеди вода!

Постојат повеќе начини за заштеда на вода во домот, а некои од методите дури и не бараат инвестиција од наша страна.

На пример, затворете ја чешмата додека ги четкате забите и стартувајте ја машината за миење садови или перење облека, најчесто при целосна оптовареност.

Инвестирајте во туш со низок проток на вода, кој на годишно ниво може да заштеди около 160 000 литри вода, во зависност од големината на семејството.

Воедно, проверете го вашиот дом за било какви протекувања на вода, кои не само што не се полезно искористени, туку и влијаат на зголемени месечни сметки за вода.

  1. Користи сончева енергија!

Инвестирање во соларна енергија е еден од најдобрите начини да го направите вашиот дом позелен. Соларните панели се направени од фотоволтаични материјали и користат сончева светлина. Електричната енергија произведена од сончевите панели може да се користи за напојување на повеќе уреди во вашиот дом – и сето тоа е обезбедено бесплатно од сонцето. Иако почетната инвестиција е висока, на долг рок вашите пари се враќаат назад преку заштеда на електрична енергија.

  1. Избери ”зелено осветлување”!

Денес, компаниите нудат низа енергетски ефикасни светилки, па наоѓањето на вистинскиот избор за вашиот дом е полесно од било кога. Овие светилки користат помалку електрична енергија, но се исто толку моќни, колку и традиционалните видови. Имаат подолг животен век, што значи дека ќе потрошите помалку пари за замена.

Доколку се одлучите за паметно осветлување, сте направиле прав избор, бидејќи истите се програмирани на автоматско вклучување и исклучување само по потреба.

  1. Поставете паметен термостат!

Греењето на вашиот дом бара многу енергија. Зошто да не поставите паметен термостат, кој лесно се програмира и го максимизира користењето на HVAC системот во вашиот дом. Можете дури и да го програмирате за вклучување и исклучување во одредени периоди од денот. На пример, загревање на домот, непосредно пред да се вратиме дома или намалување на температурата кога во домот нема никој.  На овој начин вашата печка работи најефикасно и на крајот од месецот  ја намалува сметката и  заштедувава пари.

  1. Рециклирајте!

Рециклирањето е еден од најлесните начини да го направите вашиот дом по-еколошки. За да започнете, инсталирајте станици за рециклирање во најмалку два дела од вашиот дом. Создадете компост од отпадоците од храна. Не само што ќе ги зачувувате овие материјали од депонијата, туку и ќе си создадете сосема природно и еколошко ѓубриво за вашата градина.

  1. Собери дождовница!

Собирањето дождовница е одличен начин да се искористи она што природата го нуди. Поинтензивните дождови  може да обезбедат и повеќе од 300 литри вода, која складирана во буриња за вода можете да ја искористите за  наводнување во градинарството. На овој начин се  заштедува на количеството на вода што се троши секој месец и се враќаат пари во вашиот џеб. Исто така,  се спречува дождовница да ги одлага загадувачите во канализацијата и нивно акумулирање во поголеми извори на вода.

  1. И бојлерот штеди!

Бојлерот користи многу енергија за да обезбеди топла вода во нашите  домови. Можете да ја зголемите ефикасноста на постарите единици со тоа што ќе ги обвиткате со изолација.Но, доколку вашиот бојлер има потреба од замена, размислете за купување без резервоари. Овие бојлери работат само кога ви треба топла вода и избегнувате непотребно трошење на  електрична енергија. Нивниот животен век е значително подолг од традиционалните бојлери, што значи и помалку отпад за депонијата.

  1. Избегнувајте VOCs!

Испарливи органски соединенија (VOCs) се крајно неповолни  за животната средина и лоши  за човековото здравје. Овие соединенија, кои се вообичаени во производите за чистење и бои во домот, можат да ги иритираат респираторните системи, да предизвикаат гадење, главоболки и други здравствени проблеми. Избегнувајте ги овие производи  и одлучете се  за производи со ниско-VOC или нула-VOC средства за чистење и бои за домаќинство, кои стануваат се почести на пазарот.