Почетна Новости Корисни совети Како да се заштитиме од грип?

Како да се заштитиме од грип?

0
122

Грипот и оваа зима зема голем замав и секако дека подобро е да се спречи отколку да се лечи. Но, како да се заштитиме од него? Што е важно да знаеме ако се заразиме од грип? Како треба да се грижиме за заболено лице од грип?

Грипот е заразна болест која го зафаќа респираторниот систем кај човекот, главно предизвикан од вирус кој се пренесува преку воздухот по аерокапков пат со кашлање и кивање од заразено лице.

Симптомите на грипот се: треска, чувство на замор и губење на апетит, болки во мускулите, болки во грлото, кашлица, кивавица и затнат нос. Еден болен може да зарази дури 12 лица, а токму спречувањето на ширењето на инфекцијата е една од главните причини, зошто грипот треба да се прележи дома. Мирувањето и одморот се потребни за да може организмот побрзо да закрепне од оваа исцрпувачка болест.

Поголeм дел од луѓето заболени од грип закрепнуваат за околу една недела, но кај постарите лица и кај заболените од астма, кај болните од срцева и белодробна болест, може да се јават компликации од видот на бронхитис или пневмонија.

Грипот не бара нужно да се оди на лекар, но доколу треската трае повеќе од 4 до 5 дена потребно е да се оди на лекар. Посетата на лекар е потребна за да се избегнат компликациите, односно посериозен развој на болеста, што во случај на грип доведува до пневмонија.

За да се спречи грипот основно е да се има добар имунолошки статус на организмот, а кај постарите лица и лицата со хронични болести се превенира со вакцинирање.

Пет совети како да се заштитиме во сезона на грип:

  1. Да се избегнуваат затворени простории каде претстојуваат поголеми групи на луѓе, каде постои голема можност за ширење на инфекциите. Ова е особено важно ако имаме заслабен имонолошки систем или не сме вакцинирани.
  2. Секогаш да се стои на растојание најмалку од еден метар од лицата кои кашлаат или киваат, како и да се избегнуваат ракувања и бакнувања.
  3. Секојденвно да се земаат напитоци и намирници кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, и содржат лековити состојки како мед, лимон, ѓумбир, матичен млеч и ехинацеа.
  4. Често да се мијат рацете со сапун и вода и да не се допира лицето.
  5. Хранете се здраво и движете се на свеж и чист воздух.

Пет совети како грипот најлесно да се преброди:

  1. Да се внесува многу течност и да се мирува, што во случај на грип е многу поважно од внесување на витамин Ц и лук.
  2. Температурата да се намалува со внесување на лекови или со ладење. Од лековите по погодни и помалку штетни се парацетамолот или ибупрофенот, при што треба да се следат лекарските упатства на дозите кои се земаат. Искуствата кажуваат дека доста често може поштетен да биде лекот кој се зема во поголеми количини од пропишаното, отколку самата температура.
  3. Болките во грлото може да се намалат со земање на спреј од прополис, а затнатиот нос потребно е често да се мие што ќе го направи прооден, додека дишењето ќе биде полесно.
  4. Да се избегнува било каква физичка активност и да се практикува повеќе мирување.
  5. Во случај на грип се препорачува да се избегнуваат млечни производи, бидејќи тие го зголемуваат создавањето слуз во телото што може дополнително да ја зајакне кашлицата.

 Што ако некој во домот е заболен од грип?

Ако некој во вашата фамилија заболи од грип и треба да го негувате, при неговото лекување важно е и самите да се заштитите од инфекција.

Првенствено што се препорачува е што почесто проветрување на просторијата во која претстојува болниот и обавезно да носите заштитна маска. Важно е доколку постојат услови за болното лице да се обезбеди посебен простор во куќата, и да биде најмалку еден метар оддалечен од останатите членови на семејството.