Тим од шест научници ја заврши четиридневната „Мисија на Марс“ во пустината Негев, каде што ги симулираше условите за живот на Марс, објави израелското Министерство за наука и технологија.

Експериментот беше изведен во Mitze Ramon, чии геолошки карактеристики, сувост и изглед личат на Црвената планета.
Научниците ги разгледаа различните аспекти на идната мисија на таа оддалечена планета, како што се сателитската комуникација, психолошкото влијание на изолацијата, мерењето на зрачењето и потрагата по знаци на живот на теренот.

„Д-Марс е подеднакво важен за истражување и за интересот на јавноста. Голем дел од проектот е да се привлече јавноста и студентите заинтересирани за вселената“, рече Гаи Рон, нуклеарен физичар на Еврејскиот универзитет во Ерусалим.

Д-Марс е првиот проект имплементиран во Израел во соработка со израелската вселенска агенција.

Станува збор за една од многуте симулации на животот на Марс низ светот.