Изложба на детски ликовни и уметнички творби од отпад од пакување, во организација на ЕУРО – ЕКОПАК и Детски ликовен центар од Скопје

0
135

Детската креативност е бескрајна, кога станува збор за користење на познати материјали на нов или необичен начин. Црпејќи ја идејата оттаму, Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „ЕУРО – ЕКОПАК“ во соработка со Детскиот ликовен центар од Скопје веќе неколку години организира изложба на детски инвентивни ликовни творби од отпад од пакување, каде децата ќе можат слободно да ја изразат својата креативност, да покажат дека отпадот од пакување може да се реупотреби, а со цел поттикнување на чиста и здрава животна средина.

И оваа година, под мотото „ТВОРЕЊЕ И КРЕИРАЊЕ НА ДЕЛА ОД ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ“, а во насока на подигање на јавната свест кај младите генерации, се одржа традиционалната манифестација на Колективниот постапувач со пакување и отпад од пакување „ЕУРО – ЕКОПАК“ ДОО Скопје.

Со почеток во 12 часот во Галеријата на Кинотека на Македонија – библиотека „Другарче“, се оджа свечено отворање на изложбата на детски ликовни и уметнички творби од отпад од пакување, на која учествуваа над 50 ликовни секции од основните училишта од Република Македонија и од соседните земји и беа доделени награди на најдобрите уметнички творби на младите ликовни творци.

Изложбата ќе биде поставена од 10 до 12 ноември 2017 година.

(ФОТОГАЛЕРИЈА НА ЕКО РЕПУБЛИКА 10.11.2017)