Повеќе од 8 милијарди килограми отпад од пластика секоја година завршуваат во океаните, а повеќе од 800.000 тони мрежи за риболов. Овие мрежи се направени од цврст, кој не е био-разградлив синтетички материјал, што доведува до убивање на неколку стотици илјади морски цицачи и риби во океаните.

Основачот на италијанската компанија Sea2see – Francois Van Den Abeele, инспириран од хаосот во океаните преполни со милијарди килограми пластика, одлучил со рециклирање на пластичниот отпад во океаните да направи тренди производи што секој ќе може да ги купи и носи, а со цел заштита на животната средина и подигнување на свеста за состојбата со загадување на океаните.

Компанијата Sea2see ја зема пластиката од 22 пристаништа на брегот на Каталонија во северноисточна Шпанија, која пак ја собираат обучени рибари. Од компанијата велат дека земаат 1 тон пластичен отпад секој втор ден, го одделуваат и селектираат, за потоа да го рециклираат и да ги произведат своите брендирани наочари. Секој рециклиран материјал претходно соодветно лабораториски се тестира за да се обезбеди квалитет на крајниот производ.

Процес на добивање краен производ – наочари од пластичен отпад во океаните

Делот од пластика што не можат да го употребат, го продаваат на останати еколошки компании кои би произвеле друг производ од пластиката.

90% од вкупната пластика која се собира од океаните, може да биде рециклирана. Компанијата цели кон тоа да продава 25 000 наочари годишно кои моментално се достапни во Шпанија, Италија, Холандија и Белгија. Во иднина планираат да се прошират и на американскиот пазар, а да остварат соработка и со локални оператори во Африка кои ќе соработуваат со рибарите и ќе ја собираат пластиката од афричките брегови.