Во тек е еко истражувачкиот предизвик на Нула Отпад наменет за сите деца на училишна возраст  (1-9 одделение) на тема “Батериите опасност или можност”?  и со порака “Со еко истражување до еко решение”!

Децата на училишна возраст (1-9 одделение) ги предизвикуваме да бидат еко истражувачи во дадената тема, да следат конкретни насоки за истражување со цел да дојдат до најдобро еко решение.

Прифати го предизвикот, придружи им се на децата на новата планета и новото време!Изработи кусо видео на дадената тема не подолого од три минути и испрати го на info@nulaotpad.com.mk  најдоцна до 15 јули.

Доколку едукативната кампања е успешна и пристигнат минимум 20 видео пораки за еко истражувачкиот предизвик, Нула Отпад најдоброто еко решение и видео според оценувањето на стручното жири ќе го награди со главна награда електричен тротинет.

Сите останати учесници ќе добијат ЕКО ДИПЛОМИ за значаен придонес во заштита на животната средина од опасниот отпад, додека најдобрите десет ќе добијат едно од одличните литературни изданиа за деца од Златно Перо Битола.

Предизвикот е во поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за образование и наука, Делегација на Европска Унија и Македонската асоцијација за управување со цврст отпад МАСВА.

Повеќе информации за учество на следниве линкови:

https://bit.ly/2AloT5n

https://www.facebook.com/nulaotpad/videos/983620658756817/

https://www.facebook.com/nulaotpad/photos/a.1643394422568342/2682193655355075/?type=3&theater