Светскиот ден на животните се одбележува секоја година на 4-ти октомври, а традицијата започнала уште во 1931 година во Фиренца.

Здруженијата за животни утре на глобално ниво го одбележуваат овој настан, па не се двоумете дали и вие да бидете дел од добрите дела на овој ден.

Утре е ден кога првенствено се настојува да се укаже на проблемот со животините кои секојдневно се измачувани или немаат доволни услови за живот, да ги поттикне луѓето да размислуваат за својот однос кон животните, потребата животните да се почитуваат и заштитата на животните навистина да стане важно општествено прашање.

Утрешниот ден претставува можност за секој од нас да направи нешто добро за животните од својата околина, да им даде дом, да ги нахрани, да помогне нивниот живот да биде поубав, бидејќи и тие, баш како и луѓето, се дел од заедничката планета која без нив би била незамислива.