Ви откриваме 14 интересни факти за кралот на животните кои сигурно не сте ги знаеле:

1. После тигарот, лавот е најголемата мачка во светот.

2. Лавот во просек тежи 180 килограми, а лавицата околу 130 килограми.

3. Една лавица дневно јаде 5 килограми месо, а лавот 7 килограми месо.

3. Најголемиот лав што некогаш бил забележан бил 375 килограми.

4. Лавовите можат да развијат брзина од 22.5 m/s, но само на кратки налети поради недостаток на издржливост.

5. Рикањето на лавот може да се слушне на растојание до 8 километри.

6. Лавовите се познати и како крал на џунглата, но всушност повеќето од нив живеат во савани и пасишта.

7. Повеќето од лавовите пронајдени во дивината живеат во јужните и источните делови на Африка.

8. Во однос на другите видови големи мачки, лавовите најчесто живеат во чопор од 10 до 15 животни.

9. Мажјаците лесно се препознаваат благодарение на гривите. Мажјаците со потемни гриви се попривлечни за женките.

10. Лавот е симбол на народи, култура и традиција во Македонија, Белгија, Бугарија, Англија, Етиопија, Луксембург, Холандија и Сингапур.

11. Лавовите во дивината живеат околу 12 години.

12. Женките се подобри ловци од мажјаците.

13. Во дивината, лавовите се одмараат околу 20 часа на ден.

14. Хибридите од лавови и тигри се познати како лигери и тигони. Со вкрстување на лавот и леопардот настанати се леопони, а со вкрстување на лав и јагуар настанати се јаглајоните.