ИМА ЛИ ГАЗИ БАБА ТАЕН ЗАГАДУВАЧ … ?
Енигма, кој и што го предизвикува загадувањето?
Денеска, во Гази Баба измерена рекордна загаденост од 485 мг/м3 ПМ 10 честички во воздухот.
Иако е недела, неработен ден, кога и фреквенцијата на автомобили е намалена за разлика од работните денови, службите за мерење на загаденоста на воздухот регистрираа енормно висока концентрација на штетните честички .
Се работи за десет пати поголема концентрација на ПМ 10 честичките во воздухот од дозволеното ниво од 50мг/м3.
Ако вообичаено за главен виновник на загадувањето се смета грењето,тогаш, имајќи во предвид дека е лето, овој фаткор паѓа во вода.
ИМА ЛИ ГАЗИ БАБА ТАЕН ЗАГАДУВАЧ … ?